Добредојдовте, најавете се или отворете сметка. Валута:
Вашата шопинг кошничка е празна!
Акција

Компанија

Добредодојдовте во МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ Македонија. Претпријатието е фокусирано кон продажба на брендирана спортска опрема од светски познатите фирми Lotto и Catmandoo. Освен тоа во нашата продажна палета се наогаат и продуктите од фирмите Hermes , Kwon , SMAI , Budo Nord и Masters. Преку нив нудиме производи за опремување на спортски сали  опрема за фитнес , бокс , кик бокс , мма како и за традиционалните боречки вештини. Нашите продукти  им се добро познати на клиентите како во македонија така и во регионот поради високиот квалитет и пристапните цени. Акцентирајки ја мултибренд понудата целта на компанијата е да стане регионална база за тој вид на специфична спортска опрема. Исто така имаме одлична соработка со повеќе Национални Федерации , клубови ,спортисти од разни спортови како и со реномирани фирми кои вршат дистрибуција на нашите продукти. Горди сме на нашата репутација поради високиот квалитет ,брзата и ефикасна услуга.  Седиштето на претпријатието и продажниот простор се наога во централното градско подрачје во Скопје.


      
          


Магацин 1 Магацин 2 Магацин 3 Магацин 4 магацин 5

МАСТЕР-СПОРТ е овластен увозник (Lotto , Catmandoo ,Budo Nord) & генерален застапник (Kwon ,Smai , Hermes , Masters ) за наведените брендови:





            Италијански бренд кој во својот асортиман опфаќа артикли од областа на фудбалот и тенисот. Нуди извонреден квалитет кој се докажува преку трајноста на материјалите од кои се направени продуктите како и авангардниот дизајн кој е во чекор со модните трендови, а најмногу го преферира популацијата која сака спортска елеганција.

   Фински бренд кој во својот асортиман опфаќа артикли од областа на зимските спортови. Нуди извонреден квалитет кој се докажува преку трајноста на материјалите од кои се направени продуктите.Catmandoo е официјален снабдувач на скијачката репрезентација на Финска.


  Бренд од Германија наменет за сите боречки вештини: карате, џудо, кик-таи, бокс, таеквондо, аикидо, кинески боречки вештини и сл. Нуди висок квалитет кој е потврден со многу лиценци "approved" од светските боречки федерации. Kwon е официјален снабдувач и спонзор на голем број на европски и светски асови и репрезентации како и покровител на голем број светски манифестации.


  Автралиски  бренд наменет за сите боречки вештини: карате, џудо, кик-таи, бокс, таеквондо, аикидо, кинески боречки вештини и сл. Нуди висок квалитет кој е потврден со многу лиценци "approved" од светските боречки федерации. Smai е официјален снабдувач и спонзор на голем број на светски асови и репрезентации, како и покровител на голем број светски манифестаци од областа на крос фит,фитнес ,карате, бокс,мма итн. Smai беше официјален снабдувач на добоци за Тае Квон До на Олимписките игри - АТИНА 2004.

Производител на високо квалитетни  реквизити наменети за опремување на спортски сали. Големиот асортиман на артикли вклучува: ракометни голови, кошаркарски табли со конструкции, рип-столови, карики, вратила, разбои, гимнастички греди, шведски сандаци, шведски клупи, отскочни штици, коњи со рачки, морнарски скалила, јажиња итн.

Бренд од Македонија креиран за специфична спортска опрема ,  развива иновативни продукти за тренинг со примена на технологија и знаење за сериозни атлети од сите возрасти, вклучително за: боречки вештини, бокс и кикбокс, фитнес и сл. Продуктите на МАСТЕРС се познати во регионот по својата издржливост, квалитет и се употребувани од врвните тренери поради нивната ефикасност во процесот на подобрување на силата, брзината, агилноста, балансот итн. како кај аматерите така и кај професионалните спортисти.


    Шведски бренд наменет за сите боречки вештини: карате, џудо, кик-таи, бокс, таеквондо, аикидо, кинески боречки вештини и сл. Нуди висок квалитет кој е потврден со многу лиценци "approved" од светските боречки федерации. Budo Nord е официјален снабдувач и спонзор на голем број на светски асови и карате репрезентации од скандинавските земји , како и покровител на разни светски манифестаци од областа на боречките вештини.

 
  • SMAI
  • Legea
  • Budo Nord
  • Masters
  • KWON
  • Lotto
  • Green Hill
Stopanska Banka AD Skopje credit_card MasterCard SecureCode Verified by Visa
since 1992
Design and Development by UKION
Copyright © 1992 - 2024 Master Sport dooel. All Rights Reserved.