Добредојдовте, најавете се или отворете сметка. Валута:
Вашата шопинг кошничка е празна!
Акција
Одобрени
  • 001
  • 002
  • 003
  • 004
  • 005
  • 006
  • 007

Упатства & Гаранција


Општи упатства

 
Физичкиот тренинг вклучува сериозни ризици од повреди, инвалидитет па дури и смрт. Правилната употреба на опремата помага во намалување на овие ризици, но не се елиминираат или гарантираат за заштитата против нив. Користете ги само под надзор на квалификуван инструктор / тренер кој одговорно ги следи техниките и интензитетот на тренингот и се уверува дека учениците се соодветно технички обучени и со соодветна физичка кондиција .За користење на овие производи малолетниците треба да имаат постојан, квалификуван и надзор од возрасен. Не користете стара, модифицирана, оштетена или неправилно вградена опрема. Состојбата и ефективноста на опремата може да се намали со текот на употребата и времето. Консултирајте се со вашиот доктор пред почетокот на било која програма за вежбање. Ги знаете вашите ограничувања.

Спаринг опрема и упатство за тренинг
 
Спаринг опремата и додатоците купени од Мастер Спорт се наменети само за да се намали ризикот и сериозноста на случајна повреда на заштитените области во текот на надгледуваниот, безконтактен или лесно-контактен спаринг. Лесно контактната  сила е дефинирана како сила која не предизвикува болка, страдање, пенетрација или видливо движење на противникот. Сите спаринг учесници треба да носат целосна заштитна опрема. Се препорачува минимум заштита за глава, уста, раце, нозе , гради, коскобрани, и препони. Спаринг опремата е наменета за употреба во текот на практика и за спортот за кој е наменета (на пример за боречки вештини спаринг опремата се користи за боречки вештини а бокс спаринг опремата се користи за бокс), а не за други цели или за интензивна употреба (на пример, умерена до целосен контакт при спаринг, вреќа, тренинг со оружје, други спортови како фудбалот или за медицински цели).

Упатство за фитнес производи
 
Ракавиците се со заштитен ефект и се наменети само за лесни контакти и за меки тренинг цели, како што се фокусери, висечки вреќи, брзи вреќи,експандери итн. Лесниот контакт е дефиниран за влијанија кои не се наменети да предизвикуваат болка или повреда. Обложените подлоги за тренинг обезбедуваат различна заштита и шок апсорпција,
но не се доволни да се соочат за многу намени при тренинг.Експандерите се мошне корисни за тренинг но мора да се внимава на границата на нивната растегливост бидејки во спротивно може да дојде до пукање на гумата и евентуална повреда. 

Упатство за  купување на произвиди за боречки вештини
 
Боречките вештини каде има тренинг со оружје се изведуваат само под стручен надзор, за демонстрација на форми, за колекција или за на излог. Оружјето за тренинг бара: соодветна безбедносна опрема вклучувајќи заштита за главата, лицето, очите, устата и други штитници соодветни за одредени оружја и техники кои се практикуваат за возпоставување на безбеден тренинг во животната средина за да се избегне повреда на луѓето и објектите. За да се намалат шансите за повреда корисниците на оружје треба:да го почитуваат оружјето ,да  ивршат увид пред секоја употреба и да се осигураат дека тоа е во исправна состојба, а не да се користат за спаринг или за контакт.
Мастер Спорт  не е одговорен за неправилна, нелегална употреба или модификација на оружјето. Некои оружја може да се нелегални во областа на корисникот. Корисникот самостојно мора да се информира и да ги следи државните закони.

Купување на забрането оружје *

Според Член 35 од важечкиот закон , оружје може да се продаде само на лица кои поседуваат одобрение за набавување на оружје, издадено согласно со овој закон, односно на правно лице овластено да врши промет со оружје, делови за оружје и муниција.
Оружјата можат да бидат продадени само на лица кои ги исполнуваат условите од Член 9 од важечкиот закон во РМ. (Одобрение за набавување на оружје на физичко лице се издава врз основа на претходно поднесено писмено лично барање за издавање одобрение за набавување на оружје, ако физичкото лице ги исполнува следниве услови: 1) има наполнето 18 години живот; 2) не му е одземена или ограничена деловната способност; 3) здравствено е способно да поседува и носи оружје; 4) не претставува опасност за јавниот ред; 5) има оправдана причина за набавување на оружје; 6) располага со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје и 7) има живеалиште на територијата на Република Македонија, а доколку е странец да има одобрен постојан престој на територијата на Република Македонија, освен ако со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено).Според Член 35 Оружје може да се продаде само на лица кои поседуваат одобрение за набавување на оружје, издадено согласно со овој закон, односно на правно лице овластено да врши промет со оружје, делови за оружје и муниција.
 
Ладно оружје *

Во нашата продажна палета нудиме реквизити кои се употребуваат при тренинг на традиционалните боречки вештини и потпагаат под член  4 категорија Д од ЗАКОН ЗА ОРУЖЈЕТО „Службен весник на РМ“, бр. 7 од 01.02.2005 година, истите се водат како ладни оружја и затоа при нивна продажба  мораме да бидеме усогласени со Државниот закон. Под Ладно оружје се сметаат бодежи или ножеви со ротирачко, скриено сечиво или на склопување, со забец за затворање (закочување), чие сечиво на притисок на копче или полуга излегува и само се фиксира ("скакулец") или чие сечиво при активирањето на механизмот за блокирање со помош на силата на тежината или на движењето излегува од држачот и сам се фиксира ("патент нож"), ками, мечеви, сабји, бајонети, удирачки прстени ("боксери"), "ѕвезди" за фрлање, пендреци и други предмети, чија основна намена е вршење напад или нанесување повреди. Како ладно оружје, во смисла на овој закон, се сметаат и предмети подобни за нанесување телесни повреди кога тие се носат на јавни собири, локали и на слични места;

Носење на забрането оружје *

Според Член 31 од законот за оружје сопственикот или корисникот на оружје кога има право да го носи е должен оружјето да го носи на начин што нема да ја загрозува личната сигурност и сигурноста на другите. Според Член 32 од законот за оружје лицето кое со себе носи оружје е должно да ја носи дозволата (потврдата) за оружје, односно дозволата за носење на оружјето, издадена согласно со овој закон. На барање на овластено службено лице на надлежниот орган, лицето од ставот 1 на овој член е должно да ја покаже дозволата за оружје, односно дозволата за носење на оружјето. Според истиот закон забрането е носење и употреба на оружје на јавно место. Под јавно место, во смисла на овој закон, се смета место на кое слободен пристап имаат неопределен број лица без какви и да било услови (улица, плоштади, патишта, излетнички места, пристаништа, аеродроми, железнички станици, автобуски станици, чекални, угостителски и трговски објекти и занаетчиски дуќани и слично) или под одредени услови (спортски стадиони, игралишта, средства за јавен превоз, кино сали, театарски и концертни сали, изложбени простории, градини и слично), како и други места кои во определено време служат за вакви намени (земјишта или простори во кои се одржуваат јавни собири, приредби, натпревари и слично), каде што со негова употреба може да се загрози сигурноста на луѓето. Под јавно место, во смисла на овој закон, нема да се смета место кое е достапно на поглед од јавно место (балкон, тараса, дворна површина, столбиште), како и превозни средства во сопственост на граѓани, стрелишта и терени за вежбање и ловишта во ловна сезона.
Ве молиме внимателно да ги проучите законските обврски во вашата држава доколку нарачувате од странство.

 Азиски дрвени оружја и реквизити

 
Може да се купи ако сте експерт за боречки вештини и доколку реквизитот е означен со ( * ) мора да имате наполнето 18 години.
(Бо,Ханбо,Џо,Суборито,Бокен,Танто,Ками*,Тонфи*)
 
Безбедносни реквизити *
(Телескопски палки*,батериски лампи*, полициски тонфи*,лисици* ,куботан * спреј за самоодбрана*)
 
Може да се купи ако сте експерт за боречки вештини и поседувате одобрение за набавување на оружје или безбедносна лиценца.За идните нарачки, оваа лиценца ќе биде архивирана во Мастер Спорт. Мастер Спорт  нема да биде одговорен да ги информира носителите на лиценците, за ниту една истечена лиценца. Носителот на лиценцата мора да преземе целосна одговорност за одржување на валидна лиценца во архивата на Мастер Спорт.
Овие производи  можат да се купат онлајн но заради безбедносни мерки подигањето на производот мора да биде исклучиво од продажното место во ГТЦ.При подигање на производот понесете ваш документ за идентификација.

Кобудо - оружја за тренинг


Може да се купи ако сте експерт за боречки вештини .
(Гумени пиштоли за тренинг , пластични пиштоли за тренинг, меки палки за тренинг ,гумени ножеви за тренинг,алуминиумски ножеви за тренинг итн.)

Ножеви*/Мечеви* / Сабји* / Саи*
(Разни видови на ножеви*,Нинџа меч*,Вакизаши*,Катана*,Саи*)

Може да се купи ако сте експерт за боречки вештини и поседувате одобрение за набавување на оружје.
Овие производи  можат да се купат онлајн но заради безбедносни мерки подигањето на производот мора да биде исклучиво од продажното место во ГТЦ.При подигање на производот понесете ваш документ за идентификација.
Клиентите мора да бидат со најмалку 18 години , и ако е потребно ќе треба да презентираат доказ за нивните години. Клиентите мора да ги проверат законите и прописите во државата , за да ја проверат законитоста на нарачаните предмети.Тоа треба да го сторат самите купувачи и со тоа сами ја сносат одговорноста.  Меѓународните клиенти ги молиме да проверат со царината во нивната земја што се однесува до законитоста на предметите и за дозволи ако се неопходни за царинење.Мастер Спорт  не е одговорен за било какви предмети запленети од страна на царинските органи.
Гаранција: покрива производсвени дефекти и предметите со производствени грешки ќе бидат заменети или кредитирани. Злоупотребата, занемарувањето и несоодветната нега нема да бидат прифатени.
Некои мечеви се наменети само за прикажување и тоа е прикажано во описот на производот. Соодветното користење на овие производи за сечење или за контакт може да резултира со оштетување на производот и телесни повреди.
 
Гаранција и враќање на производите

Според законот за потрошувачи на РМ член 135 став 2 должни сме да ви ги презентираме нашите услови при договорот за продажба, (истите се истакнати на видно место во нашиот продажен простор).Целата опрема која се продава од страна на Мастер Спорт е произведена со ISO или DIN стандарди и покриена е со производствена гаранција од 6 месеци (гаранција е издадената фискална сметка од нашиот продажен простор) . Оваа гаранција е обезбедена против дефекти во материјалот и погрешна изработка што се смета за недостаток од страна на производителот. Во таков случај може да се замени производот или да се вратат парите. Доколку производот е во ред а купувачот сака да го замени за друг производ тоа може да го направи во рок од 15 дена под услов производот да не е отпакуван и користен. Мастер Спорт  гаранцијата не ги покрива барањата за штета за нормална употреба и абење, неправилна употреба или запоставување. Гаранцијата не е правосилна доколку е во прашање погрешна инсталација, злоупотреба или штета како резултат на;

Комерцијално  користен производ,
Користење на опрема која не е наменета за таа намена
Несоодветно одржување на опремата
Неправилно чување
*Со текот на времето при нормална употреба и абење,  производите  ја губат ефективноста и ќе бараат замена.

 
 
Складирање / Гаранција

Ако стоката набавена од Мастер Спорт треба да се чува во магацини и сл. стоката мора да се провери пред складирање. Мора да се осигурате дека стоката се чува на ладно, суво и целосно покриена површина. Мувла предизвикана од вишокот на топлина и потење на производот поради лошо складирање или клима не е покриена со гаранцијата. Екстремните временски услови ќе влијаат на квалитетот на производите и нивниот животен век. 
Ве молиме при приемот на стоката убаво да проверите ;
Количина / производи / стил /точна големина
Предмети за монтажа  кои недостасуваат  (на пр навртки и завртки)
Да нема товарни оштетување на производот.
 
Самостојна - Прилагодена опрема

Прилагодено направена опрема и облека е покриена со производителна гаранција. Сите сопствено направени опреми се неповратни и не се рефундираат. Барањата за исплата за избраните сопствени производи се 50% пред производството и 50% веднаш откако стоката е подготвена за испраќање.Товарната услуга е дополнителен трошок кој ќе се пресметува откако нарачката е произведена и е подготвена за испраќање.
 
Време на производство

Во зависност од видот на производот на нарачката производственото време ќе се разликува од вообичаено производство време и е 30-45 дена од приемот на вашата потврда за исплата.
 

  • SMAI
  • Legea
  • Budo Nord
  • Masters
  • KWON
  • Lotto
  • Green Hill
Stopanska Banka AD Skopje credit_card MasterCard SecureCode Verified by Visa
since 1992
Design and Development by UKION
Copyright © 1992 - 2024 Master Sport dooel. All Rights Reserved.