Добредојдовте, најавете се или отворете сметка. Валута:
Вашата шопинг кошничка е празна!
SMAI Бокс ринг
SMAI Бокс ринг SMAI Бокс ринг SMAI Бокс ринг SMAI Бокс ринг SMAI Бокс ринг

SMAI Бокс ринг

0 MKD

без ДДВ: 0 MKD
Производител: SMAI
Шифра на производ: SMAB002
Достапност (кол. на залиха): По нарачка

* Големина Бокс ринг:

SMAI Бокс ринг Модел #: SMAB002

 SMAI 5м х 5м х 50см Про бокс ринг со лесна чекор по чекор инсталација. Многу издржлив ринг идеален за вечерни борби, PCYC , спортски сали и за изнајмување. Изработен од високо квалитетна челична рамка и столбови, подот е направен од морска иверица , Ева амортизација, најлон платно што не се лизга, обложени јажиња, прекрива, обложени аголни перничиња, стол , скалила и се добива изглед на ринг.

Боксерскиот ринг е самостоен и не бара дополнително прицврстување за земјата.
Може да се постави за 1 час.

Гаранција за Бокс рингови и Кафези за ММА

SMAI Боксерските рингови и ММА кафези се произведени за комерцијална употреба. Сите споеви и структури од челик се под гаранција за време од 10 години од датумот на фактурата. Сепак тоа не ги покрива металниот turnbuckles бидејки овие може да се истрошат во зависност од употреба и злоупотреба.

Сите други козметички и дополнителни компоненти како платно, здолниште, перници и јажиња се покриени со 12 месечна гаранција од производството,но сепак оваа гаранција не опфаќа злоупотреба на било кој начин ,а производот треба правилно да се одржува за да се продолжи работниот век на компонентите (на пример чистење на јажиња, перниците и сл, со рН неутрално средтство за дезинфекција, груби хемикалии може да предизвикаат оштетување. Платно, исто така, треба да се чисти рачно, друг начин на чистење ќе предизвика бојата да избледее или грубите хемикалии може да предизвикаат платното да се деградира .

Измена на производот или на било кој од производните делови на било кој начин од оригинална состојба ќе ја поништи гаранцијата за безбедноста и производот може да биде загрозен преку неовластеното преправање.

Решетките на Кафезот : SMAI низ производот има иновации, зацврстени методи во кои решетката е во прилог со кафез панели и додадени се дополнителни PVC и Најлон засилувања, со цел да се продолжи животниот век на производот без да се дозволат дисторзии или лак под постојана употреба. Сепак и по долг период на употреба од околу 2-3 години може да стане неопходно да се ре-обнови решетката и оваа работа треба да ја заврши човек обучен за вакви работи а тоа е во надлежност на клиентот да го спроведе ова одржување кое се смета за општо одржување како резултат на користење .

Прилагодени големини за нарачки : SMAI бараат 50% депозит на бокс рингови и кафези однапред кој во никој случај не се враќа зошто производот е создаден за клиентот со спецификации и големина по сопствени барања и не одговара за препродажба на било кое трето лице, останатите 50% мора да се исплатат 7 дена пред испораката.

SMAI стандардните величини на бокс ринговите лесно се инсталираат во склад со SMAI видеото и се токму онака конструирани така што аголните места не бараат никаква дополнителна потпора, дури и под целосна напнатост на јажињата.Меѓутоа, ако висината на рингот се поставува по сопствени димензии под стандардната висина што ја препорачува SMAI, ќе биде потребно аголните места да бидат изработени со дополнителна потпора, и исто така да бидат прицврстени за подот за да не дојде до изместување на аглите од затегнатоста на јажињата. Во овие околности неопходно е сите мерки за поддршка да бидат на место и целосно испружени пред затегнување на јажињата за да се избегне виткање на рамката, во случај клиентот да не ги следи точните мерки и процедурата за инсталација. SMAI не е одговорен за било каква штета настаната од небрежност и неправилна инсталација.
Испорака
Испораката дополнително се наплаќа за сите нарачки преку интернет.Оваа наплата ќе се израчуна кога нарачката ќе се пакува.Ако сакате товарна понуда ве молиме напишете ,,Товарна понуда,, во прозорецот со порачката при поднесувањето на вашата интернет нарачка. Ве молиме внимавајте:

Ако сте побарале товарна понуда SMAI нема да ја процесира нарачката без ваша потврда.
Пратки
Смаи претките ги испорачуваме од понеделник до петок со Star Track. Тимот на Смаи се стреми вашата нарачка да ја спакува и испрати брзо и ефикасно.Интернет нарачките кои ќе бидат процесирани пред 12 часот во работни денови, ќе ви бидат испратени истиот ден.
Палети
Нашата номинирана товарна компанија за испорака на палети е Toll Express. Ако вашата нарачка е тешка ќе биде спакувана на палета за да се транспортира. Ако немате виљушкар или некое друго средство, ќе има дополнителни трошоци. Надомест за оваа услуга ќе ве чини $90+GST за 1-2 палети и $45+GST за секоја дополнителна палета.
Потпишување и прием на производи
Освен ако не e наведено "Да се остави според упатствата" (LAI) - сите клиенти мора да потпишат за производите, дури и да имаат во предвид за количеството на кутиите . Во повеќето случаи сите предмети се испорачуваат како една испорака, но ако курирска компанија не избави дел од пратка ве молиме да се наведе дека дел на пратката не е стигнат, при потпишувањето на приемот на производите. Ако сте примиле дел од пратката ве молиме јавете се во SMAI Дирекцијата.
* Ако се потпишете за стоката без проверка на количините, SMAI нема да биде во можност да поднесе барање во ваше име дека недостасува кутија. Товарната компанија го зема вашиот потпис како доказ за целосна испорака.

Стоки оштетени при транспорт
Товарната компанија бара потпис од возачот на пратката за потврда на штетата. Доколку по испораката не се здобијат со потписот на возачот за штетата настаната при транспорт, вашето барање за осигурување ќе биде неважечко. Нашата осигурителна компанија бара сите предмети оштетени при транспорт, да бидат пријавени во SMAI во рок од 48 часа од приемот на стоката. Доколку не се стори тоа – барањето не може да се обработи.

 

 

 
 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:


Вашиот коментар: Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош           Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:



Поврзани производи
Stopanska Banka AD Skopje credit_card MasterCard SecureCode Verified by Visa
since 1992
Design and Development by UKION
Copyright © 1992 - 2024 Master Sport dooel. All Rights Reserved.