Добредојдовте, најавете се или отворете сметка. Валута:
Вашата шопинг кошничка е празна!
Акција
Одобрени
  • 001
  • 002
  • 003
  • 004
  • 005
  • 006
  • 007

Безбедност при плаќање & Испорака



Мастер Спорт ви овозможува да го платите одбраниот производ со:

• платежните картички 
VISA, MasterCard и Maestro од било која банка во Р. Македонија преку  CaSys International картичниот систем
• во готово и со картичка (при испораката на нарачката во продажниот простор на Мастер Спорт)
• вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство

Плаќање при испорака на нарачката:

Оваа опција ви овозможува да нарачате производ и при самата испорака во продажниот простор да го извршите плаќањето. Плаќањето при испорака во продажниот простор се извршува  во готово или со картичка.

Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство:

Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата еmail адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката. Можете да ја извршите уплатата и преку интернет банкарството преку вашата банка или на редовниот начин со уплатница во најблиската банка или пошта. 
По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адресата за испорака.За платените нарачки ви нудиме и можност за лично подигнување во нашиот продажен простор во ГТЦ Скопје


БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ПЛАЌАЊЕ

            


master-sport.com.mk  е интернет продавница која обезбедува највисоко ниво на безбедност, кога се врши плаќање преку интернет.Безбедноста на Вашите лични податоци е од најголемо значење и приоритет за нашата компанија.Севкупната комуникација е заштитена преку технологијата Secure Socket Layer (SSL) со 112bit-на енкрипциска заштита, сертифицирана од Thawte SSL CA. Меѓутоа, заштитата на личните податоци може да биде ефективна само доколку и Вие како клиент се однесувате согласно одредени безбедносни процедури.Вие не смеете да ја дистрибуирате лозинката од Вашиот cPay кориснички профил на други лица. 



ИСПОРАКА




Мастер Спорт има склучено договор за соработка со повеќе фирми за дистрибуција на пратки. 
Нашu номинирани товарни превозници кои ви ги препорачуваме се :

 
   МАКЕДОНСКИ ПОШТИ за пратки во странство - неограничена килажа.

  ДХЛ  за пратки во странство - до 30 кг.

   КАРГО ЕКСПРЕС за територијата на Р.Македонија.

Нарачаните производи ќе ви бидат доставени со испратница, а електронската фактура за извршеното плаќање автоматски ќе ја добиете по електронска пошта. Артиклите ќе Ви бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Трошоците за испорака се пресметуваат според избраниот начин на испорака, и во зависност од моменталните акции или промоции на master-sport.com.mk. Динамиката на испорака ќе зависи од начинот на испорака кој сте го избрале. На денот на испораката, доколку претставникот за испорака не успее да Ве најде ТЕЛЕФОНСКИ ЌЕ ВЕ КОНТАКТИРА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ. За ваша информација потребно е да знаете дека габаритниот товар дополнително подлежи на кубна реализација: Цената за транспортот во таков случај се пресметува врз основ на тежина или кубен метар – во зависност кој е поголем. Имајќи го ова во предвид, пресметувањето на повеќето габаритни нарачки не може да биде прецизно пресметано пред целосно да се спакува и подготви нарачката за испраќање. При таков случај Ве молиме да не контактирате преку телефон  или е маил пред да ја направите нарачката со цел да ви дадеме прецизна информација за цената на транспортот. Доколку порачаниот производ не може да Ви биде испорачан од наша страна, парите комплетно ќе ви бидат вратени на вашата сметка а притоа Вие лично ќе бидете исконтактирани за трансакцијата. Затоа при пополнување на податоците при регистрацијата ЗАДОЛЖИТЕЛНО внесете и ваш телефонски број кој освен таква причина единствено би бил користен за координирање на испорака на производите при купување

ИСПОРАКА ВО МАКЕДОНИЈА  

Лично подигнување на нарачката

Платени нарачки можете лично да ги превземете во нашиот продажен простор кој се наоѓа во Градскиот Трговски Центар – Сутерен лок.453 во Скопје.
Работно време:

  • Понеделник - Петок: 9:00 - 20:00 часот
  • Сабота: 09:00-17:00 часот

При лично подигнување на артиклите кои ги имате предходно порачано, ве молиме прво проверете дали артиклите се подготвени за преземање на телефонскиот број 02 3166677. Кога лично се подигнуваат артиклите во нашиот продажен простор Ве молиме да понесете копија од фактурата која е пратена на вашата email адреса. При подигнување на артиклите од нашиот продажен простор немате никакви дополнителни трошоци за испорака.

ЗАБЕЛЕШКА: кога артиклите се платени со општа уплатница, истите ќе бидат испорачани кога уплатените средства ќе бидат прокнижени на нашата банковна сметка (според принципите на банките - по правило, наредниот работен ден), затоа ве молиме проверете го статусот на нарачката на телефонскиот број 02 3166677.


Бесплатна испорака ( испорака со КАРГО ЕКСПРЕС Скопје )    

При акции или промоции на нашиот сајт кај одредени артикли може да стои натписот  free shipping , тоа значи дека испораката на тие артикли е бесплатна ширум територијата на Р.Македонија.Во таков случај важат истите услови како при испорака до 48 часа.

Испорака до 48 часа ( испорака со КАРГО ЕКСПРЕС Скопје )   

Нарачките се однесуваат за целата територија на Р. Македонија т.е  за пратки кои треба да се достават во и надвор од Скопје како и низ градовите на РМ. ***ОВОЈ ТИП НА ИСПОРАКА ВАЖИ ИСКЛУЧИВО ЗА РАБОТНИ ДЕНОВИ и НЕПРАЗНИЧНИ ДЕНОВИ) Доколку најавата на пратката ја направите по 16:00 часот од понеделник до  петок или по 14:00 часот во сабота, како ден на најава на предметната пратка ќе се смета следниот работен ден, испораката ќе биде во рок од 48 часа потоа. Трошоците за испорака на нарачката ќе бидат јасно претставени, издвоени и лесно видливи во однос на цената на производот. Збирот на овие две цени (цена на производ и цена на услугата - испорака ) ќе биде исто така јасно истакнат и назначен.
НАПОМЕНА:Во роковите не се засметуваат: недела, празници или други неработни денови; времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои Мастер Спорт ДООЕЛ Скопје не одговара.



ИСПОРАКА ВО СТРАНСТВО ( испорака со ДХЛ или Македонска Пошта )   

Рок на испорака: 3 до 15 дена (зависи од избраниот транспортер)
Трошоците за испорака на нарачката ќе бидат јасно претставени, издвоени и лесно видливи во однос на цената на производот. Збирот на овие две цени (цена на производ и цена на услугата - испорака + извозна царинска декларација ) ќе биде исто така јасно истакнат и назначен.


Втора испорака + трошоци
 
Клиентот мора да даде 100%-на гаранција дека некој ќе биде достапен од 09:00-17:00 часот од понеделник до петок цо цел да се потпише дека се примени производите.Обврска на клиентите е да ја известат Мастер Спорт канцеларијата во најкраток рок за било какви промени во нивните специјални испораки, инструкции или промена на адресата. Доколку тоа не се стори ќе резултира клиентот да биде одговорен за целото пренасочување или за вториот трошок за испорака кој евентуално би настанал. При испорака на производите во пропишаното работно време ако
примачот не се затекне на наведената адреса, доставувачот ќе остави писмено известување во кое ќе биде наведено дека на соодветниот датум е извршен обид за достава на пратка и телефонски број на кој примачот може да се обрати со цел добивање на информација за подигање/достава на пратката. Во случај на 2 (два) неуспешни обиди за достава на предметна пратка или доколку примачот одбива прием на предметна пратка, пратката чија достава останала неуспешна, пратката ќе биде вратена. Клиентот/Нарачателот тогаш има обврска да ја плати поштарината, како и услугата за повраток на пратката.Сумата автоматски ќе биде наплатена од кредитната картичка на нарачателот.

Прием на производи
( артикли оштетени при транспорт
, непотполна пратка )

Примачот или друго овластено лице за прием има обврска на вообичаен начин да ја прегледа пратката која му е доставена за прием и за евентуалните недостатоци (оштетување или намалување на нејзината содржина) веднаш, односно во моментот на приемот на пратката, доколку постои видливо оштетување/намалување на вредноста на нејзината содржина, јавете се во   МАСТЕР СПОРТ , а најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката, доколку оштетувањето не е видливо однадвор, под услов: Примачот да докаже дека оштетувањето/намалувањето на вредноста на содржината на пратката настанало пред нејзиното врачување. Во повеќето случаи сите пратки се испорачуваат потполно ,но ако транспортната  компанија не испорача дел од пратката - Ве молиме да се наведе дека дел од пратката не е стигнат, при потпишување за прием на производите.
Доколку по испораката не го добијат потписот на доставувачот за штетата настаната при транспорт, вашето барање за обештетување ќе биде неважечко. Имено транспортните компании бараат доказ т.е потпис од доставувачот на пратката за извршена испорака или евентуална потврда за настаната штета. Ако се потпишете за прием на стоката без проверка на количините, Мастер Спорт нема да биде во можност да поднесе барање во ваше име дека има недостаток.
 
Промена на цена на транспортот
 
Мастер Спорт се труди  да им обезбеди на клиентите најприфатливи транспортни  услуги. Бидејќи оваа услуга и ние ја нарачуваме ,немаме контрола врз променливоста на стапките. Како и да е секогаш ќе  настојуваме и ќе се трудиме да овозможиме најконкурентни цени.
 
Откажување од наведеното упатствo

Ако сте се определиле за друг транспортер за вашaтa испорака - Мастер Спорт по примопредавањето на пратката не прифаќаа  било каква одговорност за кражба, оштетување или губење на било која ставка.
 
Барате понуда за транспорт

Ако имате поголема нарачка и барате посебна
понуда за транспорт  - ве молиме јавете се во Мастер Спорт и ние ќе ви организираме најповолна варијанта на транспорт. Во итен случај независно дали е надвор од работното време, добредојдени сте да побарате онлајн понуда.
 
Испорака на контејнери и палети
 
Ако на вашата листа се вклучени било кои големи артикли фитнес опрема, боксерски ринг, ММА кафези или големо количество на тежина, можеме да организираме испорака.
  


  • SMAI
  • Legea
  • Budo Nord
  • Masters
  • KWON
  • Lotto
  • Green Hill
Stopanska Banka AD Skopje credit_card MasterCard SecureCode Verified by Visa
since 1992
Design and Development by UKION
Copyright © 1992 - 2024 Master Sport dooel. All Rights Reserved.