Добредојдовте, најавете се или отворете сметка. Валута:
Вашата шопинг кошничка е празна!
Акција
Шорц Matt
Врз основа на 0 оценки.
2.150 MKD 1.350 MKD
Ранец Jackie Розев
Врз основа на 0 оценки.
1.990 MKD 1.590 MKD
Патики 1973 V
Врз основа на 0 оценки.
2.770 MKD 2.470 MKD
Одобрени
  • 001
  • 002
  • 003
  • 004
  • 005
  • 006
  • 007

Услови за користење

   

МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ обезбедува интернет услуги преку својата веб страница/продавница на доменот master-sport.com.mk, на World Wide Web интернет мрежата. Услугата се состои од обезбедување на сервисни информации, управување со содржини и вршење на финансиски трансакции.
Условите за користење пропишуваат услови и правила за крајните корисници и се поврзани со користење на веб-сајтот master-sport.com.mk. Крајните корисници изјавуваат дека се согласуваат со Општите услови за користење и се согласуваат да го користат веб-сајтот master-sport.com.mk во согласност со нив. Правото користење на веб-сајтот е лично право на корисникот, и не може во никој случај да се пренесе на други физички или правни лица или било кој корисник овластен да потпишува други поединци или правни лица. Крајниот корисник е лично одговорен за чувањето на доверливоста на лозинките, каде што тие постојат како такви. Крајниот корисник е запознаен со фактот дека понекогаш доаѓа до прекин на услугите, или до настани кои се надвор од контролата на МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ и се согласува дека компанијата МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ не одговара за било каква загуба на податоци што може да се случи за време на преносот на информациите на интернет. Крајниот корисник се согласува и прифаќа дека пристапот до Интернет понекогаш може да биде прекинат, привремено недостапен или исклучен.
МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ го задржува правото во секое време да ги менува или прекинува податоците во било кој сегмент на бизнисот, без ограничување, вклучувајќи ја и содржината на неколку часа и опремата потребна за пристап или употреба на овој сајт. Покрај тоа, МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ може да престане да испраќа информации, или било кој тип на информации, може да го менува или да го прекине на било кој начин преносот на податоци и може да ја промени брзината на пренос на податоци, како и сите други карактеристики.
Со користење на веб-страната крајниот корисник се согласува дека е запознаен и се согласува со Општите услови и употреба. МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ на крајниот корисник му препорачува: Ако не се согласувате со условите и употребата за користење, или ако сте помлади од 14 години, ве молиме да се воздржите од употреба на овој веб-сајт.

Ажурирање

МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ го задржува правото во секое време, и без претходна најава, ако смета дека е потребно, да откаже или модифицира било кој од наведените општи бизнис услови и употреба и/или Договор за доверливост. Поради тоа, им се препорачува на крајните корисници од време на време повторно да ги прочитаат информациите содржани во општите услови и употреба и Полисата за Приватност на податоци, за да бидат информирани за ваквите промени. Со континуирана употреба на веб-страницата се смета дека крајниот корисник се согласува со новите изменети Општи услови за употреба и Договор за доверливост.
Крајниот корисник е одговорен за стекнување и одржување на сопствената компјутерска опрема, вклучувајќи го целиот софтвер и хардвер кој го поседува и користи, како и друга опрема потребна за пристап и користење на Интернет и сите поврзани трошоци. МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник која може да произлезе со користењето на Интернет.
Овој сајт е во приватна сопственост. Сета меѓусебна комуникација и интеракција која се одвива преку веб-сајтот треба да биде во согласност со Општите услови за употреба. Крајните корисници не треба да ја користат оваа веб-страница за да објават или да пренесуваат било какви материјали кои се со заканувачка содржина или кои на кој било начин ги кршат правата на другите; било каков материјал кој по својата природа е незаконски, со навредливи, клеветнички пораки или ја крши приватноста; материјал што е вулгарен, недоличен или на друг начин непристоен во комуникацијата и кој ги охрабрува нелегалните активности или на друг начин крши било каков пропис; и дека без изречна писмена согласност од МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ, нема да содржи реклама или било каква понуда чии производи и услуги не се во сопственост на МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ. Крајниот корисник не треба да го користи овој сајт за рекламирање или да изврши било каков комерцијален, религиозен, политички или некомерцијален публицитет.

Заштитни знаци

Сите материјали содржани на веб-сајтот master-sport.com.mk се ексклузивно право на компанијата МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и/или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ е СТРОГО ЗАБРАНЕТО! Прекршувањето на општите услови и употреба може да доведе до покренување на граѓанска постапка и/или гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Авторски права

Авторските права на сите слики и содржини на овој веб-сајт, вклучувајќи логоа, дизајни, слики, текст се авторски права од 1992 на Мастер Спорт и не може да се дуплираат без да се изрази наша согласност. Со употреба на www.master-sport.com.mk не може да менувате, пренесувате, преземате или користите материјал од овој веб-сајт за било какви лични, јавни или комерцијални цели. Мастер Спорт има право да ги промени овие одредби и услови во секое време. Пристапот до информациите на веб страницата е право, а не привилегија. МАСТЕР-СПОРТ го задржува правото да го забрани пристапот доколку смета дека е напревено нарушување на условите за користење на страната. Најстрого се забранува целосна или делумна репродукција и преземање на информации во печатена или електронска форма од оваа веб страна, без писмено одобрение. Авторските права за заштитените логоа и знаци се во сопственост на нивните автори, а сè останото е сопственост на авторот на веб-страната. Содржините на оваа веб-страна се прилагодени за сите возрасти на посетителите без ограничувања. Со самото посетување на веб-страната корисникот се согласува со условите за користење - доколку корисникот не се согласува со условите треба да го затвори веб прелистувачот.
Крајниот корисник не смее на овој веб-сајт да ги поставува, објавува или на друг начин да ги стави на располагање било какви материјали кои се предмет на авторски права, заштитен знак или други права на интелектуална сопственост, без директна согласност на носителот на тие права. Компанијата МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ не е обврзана да го извести крајниот корисник или да му помогне да се утврди дали материјалот е предмет на авторски права.

Одговорност

Крајниот корисник е исклучиво одговорен за било каква штета што може да резултира од прекршување на авторските права, заштитен знак и друга злоупотреба на правата на интелектуална сопственост, или било кои прашања кои произлегуваат во врска со објавувањето на таквиот материјал. Со поставување материјали на јавниот дел на оваа веб-страна, крајниот корисник изјавува дека носителот на правата на овие материјали експлицитно ѝ дозволува на компанијата МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ времено или просторно неограничено, бесплатно, постојано, неповратно, не-ексклузивно право и лиценца за користење, репродуцирање, модифицирање, адаптирање, објавување и дистрибуција на таков материјал (делумно или во целост). На крајниот корисник, а исто така и на другите крајни корисници кои што пристапуваат, им дозволува право на гледање или репродукција на овој материјал за нивна сопствена употреба. Со ова крајниот корисник ѝ дава право на компанијата МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ да модифицира, копира, објавува и дистрибуира било каков материјал достапен на крајниот корисник на веб-сајтот ekupi.mk.

Последици

Крајниот корисник изречно се согласува дека користењето на веб-страната на master-sport.com.mk е исклучиво негова одговорност така што МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ не гарантира (I) за последиците кои можат да резултираат од употребата на оваа веб-страна, или (II) за ТОЧНОСТА, ДОВЕРЛИВОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА НЕКОИ ИНФОРМАЦИИ, услуги или стоки направени преку оваа интернет страница.
Одговорноста на крајниот корисник се однесува на сите штети или можни повреди предизвикани од било каква грешка, исклучок, прекин, бришење, дефект, доцнење во операција или пренос, компјутерски вирус, комуникациска пауза, кражба или уништување или неовластен пристап, измена или злоупотреба, раскинување на договорот, несоодветно однесување, небрежност или било која друга акција. Крајниот корисник експлицитно потврдува дека компанијата МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ не е одговорна за било какво навредливо, несоодветно или незаконско однесување на крајниот корисник или трети страни и дека ризикот од штетата што може да се случи како резултат на тоа лежи кај крајниот корисник.
Во никој случај компанијата МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ нема да биде одговорна за било каква штета што може да резултира од употреба или од неможноста да се користи оваа веб-страница. Крајниот корисник експлицитно потврдува дека условите на ова поглавје се применуваат на целата содржина на веб-страницата.
Во прилог на горенаведените барања, МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ нема да биде одговорна, без оглед на причината или траењето, за грешки, неточности или други дефекти, несоодветност или неизвесност, на информациите содржани на овој сајт, како и за било какво одложување или прекин во преносот на информациите до крајниот корисник и за каква било штета или загуби кои произлегуваат од тоа. Никој од горенаведените партии нема да биде одговорен за каква било штета или загуби од трети страни, вклучувајќи губење на профит.
МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ не е одговорен за било каква содржина која како корисник, корисникот може неовластено да ја постави на веб-страната. МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ го задржува правото да модифицира, адаптира, промени, врши бришење или отстранување на било која содржина која се смета дека е несоодветна.
Крајниот корисник признава дека сите дискусии, коментари и приватни пораки се јавни, а не од приватен карактер, со што вработените во МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ можат да ја следат комуникацијата на крајните корисници без нивно знаење или експлицитна дозвола.

Согласност

Крајниот корисник се согласува да ја обештети и нема да ја смета за одговорна МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ против сите барања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи правни трошоци, кои можат да произлезат од користењето на крајнот корисник на веб-страната master-sport.com.mk.
МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ може да го прекине деловниот однос со било кој од нашите крајни корисници во секое време. МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ го задржува правото да ги прекине веднаш лозинките или сметките на корисникот во случај на несовесно однесување од страна на крајниот корисник. МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ во своето дискреционо право го смета како неприфатливо  неусогласувањето со Општите улови и употреба од страна на крајниот корисник. master-sport.com.mk е регистриран домен на компанијата МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ.
МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ е издавач на сопствена содржина, но исто така е дистрибутер и на содржина обезбедена од трети страни и крајни корисници. МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ не гарантира за точноста, комплетноста или корисноста на било која содржина дистрибуирана од трети страни или крајни корисници, ниту за можноста за ПРОДАЖБА или ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА КОЈА БИЛО ОДРЕДЕНА ЦЕЛ.
МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ не е одговорна за точноста или веродостојноста на секое мислење, совет или изјава која е објавена на веб-страната master-sport.com.mk, од никој кој не е овластено лице на МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ. Под никакви околности МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ нема да биде одговорна за било каква загуба или штета кои произлегуваат од тоа што крајниот корисник се потпира на информациите добиени преку веб-страната master-sport.com.mk. Кај крајниот корисник лежи одговорноста да се оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, став, совет или други содржини достапни преку веб-страната master-sport.com.mk.
Седиштето на компанијата МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ е во Скопје, Р.Македонија. Правните спорови кои можат да произлезат како резултат на користењето на веб-страната (освен ако со посебен договор не е поинаку наведено) се под јурисдикција на судот во Скопје.

 


  • SMAI
  • Legea
  • Budo Nord
  • Masters
  • KWON
  • Lotto
  • Green Hill
Stopanska Banka AD Skopje credit_card MasterCard SecureCode Verified by Visa
since 1992
Design and Development by UKION
Copyright © 1992 - 2024 Master Sport dooel. All Rights Reserved.