Добредојдовте, најавете се или отворете сметка. Валута:
Вашата шопинг кошничка е празна!
Акција
Одобрени
  • 001
  • 002
  • 003
  • 004
  • 005
  • 006
  • 007

Политика на приватност


 Заштита на лични податоци
и


Оваа изјава за доверлливост се однесува на доверливоста на информациите содржани на веб-страната master-sport.com.mk и со користење на овие веб-страници се собираат и чуваат во базата на податоци на МАСТЕР СПОРТ ДООЕЛ  како снабдувач на веб-страната master-sport.com.mk  и усогласување со законодавството со цел да се заштити приватноста на корисниците.
Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме вашите лични податоци генерирани на оваа страница. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб страницата www:/master-sport.com.mk. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страницата. Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на вашите лични податоци.Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Забелешка: долунаведените објави во оваа Политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за оваа веб страница. Доколку се поврзувате со други веб страници, потребно е да ги разгледате и прочитате Политиките за заштита на личните податоци објавени на истите.

Прибирање на информации

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни вашата побарана нарачка. Овие информации ќе се користат единствено за цел исполнување на нарачките, освен доколку не ни обезбедите дозвола да ги користиме за друга цел, на пример да ве додадеме на нашата мејлинг листа. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.

Заштита на Вашата сметка

Вашата лозинка е клучот од вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку вашето корисничко име е идентично со вашата лозинка, возможно е лесно користење на вашиот идентитет при користење на било какви активности на веб страницата. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте вашата  лозинка никому. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности направени во ваше име. Заради тоа, доколку вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете нè и променете ја лозинката.

Cookies/Технологија на следење

Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookies и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies.
 
Давање на лични податоци на користење

Само врз основа на закон вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:
- Забрането или побарано со Закон
- Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција
- Истрага на измама која веќе се случила.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. www:/master-sport.com.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.

Информации за политиката за заштита на личните податоци

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите, користејќи ги следните информации: Е-пошта: info@master-sport.com.mk На ваше барање, во рок од 15 дена ќе бидете информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на интернет страницата www:/master-sport.com.mk
Субјектите ќе бидат информирани за постоење на правото на пристап и исправка на нивните лични податоци.

Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни. Последна промена:  Јануари 2015

 

 

 

  • SMAI
  • Legea
  • Budo Nord
  • Masters
  • KWON
  • Lotto
  • Green Hill
Stopanska Banka AD Skopje credit_card MasterCard SecureCode Verified by Visa
since 1992
Design and Development by UKION
Copyright © 1992 - 2024 Master Sport dooel. All Rights Reserved.